Powered by Blogger.

My Banner

На 20 Март 2016 година започнува 3 лига исток.
Нашиот тим првиот натпревар го игра во гости против екипата на Фк Беласица од Струмица.

Распоред на утакмици до крајот на оваа сезона.
12 Коло Фк Беласица - Фк Саса
13 Коло Фк Саса - Академија Пандев
14 Коло Напредок Здравје Радово - Фк Саса
15 Коло Фк Саса - Работник Џумајлија
16 Коло Зс Овче Поле - Фк Саса
17 Коло Фк Саса - Фк Карбинци
18 Коло Гфк Осогово - Фк Саса
19 Коло Фк Саса - Фк Слога 1934
20 Коло Фк Плачковица - Фк Саса
21 Коло Фк Саса - Фк Баби
22 Коло Фк Брегалница (Д) - Фк Саса
Штипските екипи „Постолов Пандев“ и „Брегалница“ од генерацијата 2003-та и 2004-та, се победници на турнирот „Strumica Novembar Tournament 2015“, кој вчера и денеска се одржа на општинското игралиште со вештачка трева во Струмица.


На овој турнир, кој за прв пат го организираше Фудбалскиот клуб „Беласица“ од Струмица, учествуваа 12 екипи од државата. Второто место од генерацијата 2003-та, го освои екипата „Професионал“ од Скопје, третото „Плачковица“ од Радовиш, додека домаќините ФК „Беласица“ се најдоа на четвртото место.


Во генерацијата 2004-та, второто место го освои екипата на „Саса“ од Македонска Каменица“, трети „Постолов Пандев“ од Штип, а на четвртото место екипата на „Јанг Бојс“ од Неготино.


За најдобар стрелец од генерцијата 2003-та беше прогласен Марио Митев од „Постолов Пандев“, а од генерацијата 2004-та, Филип Николовски од „Саса“.


Наградата за најдобар играч му припадна на Ване Крстевски од генерацијата 2003-та на „Постолов Пандев“, а од генерацијата 2004-та на Матеј Ѓоргиев од „Брегалница“.


За најдобар голман на овој турнир од генерацијата 2003-та е прогласен Мите Трајков од „Беласица“, од генерацијата 2004-та, Јане Димовски од „Јанг Бојс“.


Лука Војнески од екипата на „Професионал“ од Скопје е прогласен за најталентиран играч.


Од ФК „Беласица“ најавуваат дека во јуни 2016-та ќе се одржи и меѓународен турнир во фудбал, на кој освен домашни екипи ќе учествуваат и екипи од странство, а финалните натпревари ќе се одржуваат во вечерните часови под рефлектори на стадионот „Младост“.


Во Македонска Каменица во недела гостува Првакот во 3 Лига исток ,,Беласица'' кој води на табелата со вкупно 30 бодови од кои 9 победи 3 нерешени 0 порази со гол разлика 35:8.

Фк Каменица Саса - Фк Беласица
Почеток:16:00
Датум:29.03.2015 (Недела)
Градски стадион Македонска Каменица.


Во недела во 16:00 очекуваме околу 1000 гледачи да се собереме на стадионо и заедно да ги подриме нашите играчи,заедно сплотени до голема победа.

Живееме за еден клуб ФК КАМЕНИЦА САСА.
СИТЕ НА НОЗЕ СИТЕ ЗА САСА !

Што вели традицијата и историјата на вечното дерби кое в недела ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. Саса и Беласица имаат одиграно многу важни и интересни мечеви и интересни факти за овие 2 тима.



Вкупно се одиграни 7 натпревари, од кои 7 победи има Беласица.



Раководството на струмичкиот фудбалски прволигаш Беласица Герас Цунев упати телеграма со "честитки" до ФК Саса по нејзиното испаѓање од прволигашкото друштво. Со тоа, раководството Беласица ГЦ и се "реваншира" на Саса за телеграмата со истата содржина упатена на адреса на Беласица по завршувањето на прволигашката сезона 1997/98, кога струмичани испаднаа од Првата лига. Тогаш во последното коло се одлучуваше дали прволигашкото друштво ќе го напуштат Саса или Беласица. Во последното коло Беласица играше со Победа во Прилеп, во кое доживеа пораз, а Саса на својот терен го "совлада" тогашниот шампион Силекс. Во знак на "задоволство", Саса веднаш упати телеграма со честитки за испаѓањето со желби за успешно натпреварување во Втората лига. Во 2001 Беласица и врати мило за драго на Саса.



Во недела во 16:00 очекуваме околу 1000 гледачи да се собереме на стадионо и заедно да ги подриме нашите играчи,заедно сплотени до голема победа.

Живееме за еден клуб ФК КАМЕНИЦА САСА.
ФК САСА НИЗ ИСТОРИЈАТА
Фудбалскиот клуб ,,САСА" е основан на 12 септември 1968 година.Прв прецедател на клубот беше тогашниот директор на ,,САСА" инж.Ангел Вренцовски.Само една година по основањето на фудбалскиот клуб ,,САСА" стана член на Брегалничката фудбалска регионална лига во која 10 години се натпреварува мошне успешно,а особено во послдниве години.Во текот на целата оваа натпреварувачка сезона (1978/79) ,,САСА" беше лидер на табелата и до крајот на правенстворо успеа да ја зачува таа позиција и од новата сезона тие се натпреварува во Македонската Фудбалска лига. Тоа е, секако, успех што заслужува РЕСПЕКТ,бидејќи со ваков статус подолго време не можеат да се здобијат ни клубови што имаат и 50-годишна традиција.Затоа со право се вели дека ,,САСА" е гордоста на рударите, а здобивањето на републичкиот статус е убав подарок за јубилејот и за денот на рударите - 28 Август.


Од самиот старт на натпреварот одлична игра борбеност,отворена игра и тактички одлично поставени од тренерот.

По првите 45 минути резултатот беше 0-0 кој нашите играчи одигра одлични 45 минути

Во вторите 45 минути следеше уште едно узбудливо полувреме каде на крај победи подобрата физичка подготвеност на прволигашот.

Можеби загубивме но докажавме дека сме силен противник и не е лесно да се игра со екипа како Фк Каменица Саса.
Денеска во „Куќата на фудбалот“ беа одредени паровите за воведното коло од Купот на Македонија. Актуелниот носител на титулата од Купот на  Македонија, тимот на Работнички одбраната на титулата во натпреварувањето ќе ја започне од 1/8 финалето заедно со екипите на Шкендија и Еуромилк кои исто така нема да бидат дел од 1/16 финалето, откако Третата лига – север наместо четири претставници даде три, а третата лига – запад неместо четири претставници даде два. Натпреварите за 1/16 финалето од Купот на Македонија се играат на 20. август 2014. во 17.00 часот. Двојките се следни: Фортуна – Хоризонт , Работнички Џумајлија – Силекс, Кожув/Победа.В – Македонија Ѓ.П 1932, Вулкан – Пелистер, Гоблен Јуниор – Тетекс, Новаци 2005 – Гостивар, 11. Октомври – Шкупи 1927, Брегалница Делчево – Дрита, Беласица – Напредок, Саса – Ренова, Влазними – Вардар, Младост Царев Двор – Брегалница 2008, Победа Јуниор/Младост – Металург.

Натреварот ке се игра на Стадионот во Македонска Каменица датумот сеуште нее познат повеке информаци во некои од следните постови.

Голема победа,Победа за 1/16 Финале.

Фк Чардаклија 1-5 Фк Каменица Саса
Стрелци:
Златко Милошевски 2 Гола
Ангел Атанасовски 2 Гола
Јован Соколовски 1 Гол