Powered by Blogger.

My Banner

Од сигурни извори дознаваме дека за десетина дена ќе треба да се состане УО на Третата Фудбалска Лига – Исток за да се утврди календарот за натпревари, како и котизацијата за учество во лигата.

Самиот календар кога ќе започнат натпреварите во Третата Фудбалска Лига – Исток, зависи од бројот на екипите. Како и да е, лигата не смее да брои повеќе од 18 екипи, а колку помалку ќе бидат со таква динамика и ќе се играат колата.

Друг мошне важен податок е дека котизацијата за учество во лигата ќе изнесува 80.000,00 денари за полусезона што според одговорните во лигата е реалност. Поучени од минатогодишното искуство кога некои екипи не ја платија навреме или во целост котизацијата што подоцна се одрази на исплатата на судиските и делегатските такси, годинава котизацијата ќе мора да се уплати во целост до денот кој ќе биде утврден од страна на УО на Третата Фудбалска Лига – Исток.

Оние екипи што нема да ја уплатат котизацијата во целост нема да можат да се најдат во одредувањето на натпреварувачките броеви на екипите, што значи дека нема да можат да се натпреваруваат во првенството.

Во седиштето на Третата Фудбалска Лига – Исток не се многу загрижени за тоа со колкава бројка ќе се одигра првенството бидејќи од следното и така ќе се натпреваруваат само 12 екипи што алудира на размислување дека годинава од лигата можат да испаднат и 10 екипи, секако доколку се пријават како и минатата година 18.

Но за се треба трпение, до седницата на УО на Третата Фудбалска Лига – Исток има уште десетина дена по што се ќе биде познато.