Powered by Blogger.

My Banner


На денешниот натпревар нашиот тим изгуби со 4-0 од екипата на Фк Беласица за победата на домаќинот како најзаслужен беше главниот судија Костовски Здравко и неговите двајца помошници Џонов Кристијан и Стоименовски Наум.

Во 4 минута гостите дојдоа до првиот погодок кога еден од домашните играчи беше во офсајд а помошникот Стоименовски Наум не го подигне офсајд знаменцето по постигнатиот 1 нерегуларен гол нашиот тим во 11 минута не им беше досуден пенал по што следуваше големото шоу на ,,Искусниот судија'' нашиот тим остана без 2јца играчи кои добија црвени картони.


На сето тоа нашите играчи излегоа од терен на 10-15 минути да сугерираат кај делегатот,но делегатот и тој успешно си ја врши својата должност кој ги подржуваше судиите да продолжат со своето ,,Никакво судење'' па на сето тоа нашите играчи се вратија на терен и мирно го одигра овој натпревар до крај.

Фк Саса ке одигра пријателски натпревар против екипата на Фк Осогово во Недела (06.03.2016) во неколку категори
Првиот натпревар започнува во 10:00 сите натпревари ке се играат на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Фк Саса - Фк Слога1934 (Помлади Пионери) (10:00)
Фк Саса - Фк Слога1934 (Пионери) (11:00)
Фк Саса - Фк Слога1934 (Петлиња) (12:00)

Фк Саса - Фк Осогово (Сениори) (Прв тим) (13:00)


На денешниот пријателски натпревар екипата на Фк Саса успешно славеше со 4-1 против екипата на Слога 1934 (Виница)
Стрелци на головите за домакинитие се:
Златко Милошевски (3 Гола)
Стефан Атанасов (1 Гол)



Еве дел од 3 гол постигнат од пенал на кој стрелец бесе Златко Милошевски.
Нашите сениори ке го одиграат и вториот контролен натпревар за следната полусезона.
Ги покануваме сите љубители на фудбалот да присуствуваат на еден пријателски натпревар помеѓу екипите на Фк Саса и Фк Слога 1934 (Виница)
Натпреварот се игра во Недела (21.02.2016) на Градскиот стадион во Македонска Каменица со почеток од 13:00.
Биди и ти дел од овој натпревар,биди присутен и дај му подрашка на својот локален клуб.

На ден15.02.2016 година во Штип се одржа состанок на Раководството на Трета фудбалска лига-Исток со претставниците на клубовите.
Заклучоци:
-Пролетниот дел од натпреварувачката сезона 2015/16 да започне во недела на 13.03.2016 година со тоа што ке се игра и една среда и тоа на 18.05.2016 год. во последното коло од оваа сезона.
-Котизацијата од 80,000 ден за учество да биде уплатена најдоцна до 08.03.2016 година.

Фудбалската легенда, Тони Анастасовски е нов претседател на Фудбалскиот Клуб Каменица-Саса од Македонска Каменица. Поранешниот фудбалер на Саса, Вардар од Скопје и Рад од Белград доаѓа на раководната позиција, а со изградбата на „Куќата на спортот“ и зголемениот буџет, е гаранција за враќање на некогашниот сјај на клубот од Македонска Каменица. Инаку, ФК Каменица Саса моментално се натпреварува во Третата македонска лига, а аспирациите се во текот на наредните сезони клубот да биде внесен едно скалило погоре.
Нашите Млади сили денес беа повикани на турнир во Оризари каде го освоија второто место на овој турнир.

Генерација 2005

Еве и едно кратко видео.