Powered by Blogger.

My Banner


Фудбалската легенда, Тони Анастасовски е нов претседател на Фудбалскиот Клуб Каменица-Саса од Македонска Каменица. Поранешниот фудбалер на Саса, Вардар од Скопје и Рад од Белград доаѓа на раководната позиција, а со изградбата на „Куќата на спортот“ и зголемениот буџет, е гаранција за враќање на некогашниот сјај на клубот од Македонска Каменица. Инаку, ФК Каменица Саса моментално се натпреварува во Третата македонска лига, а аспирациите се во текот на наредните сезони клубот да биде внесен едно скалило погоре.