Powered by Blogger.

My Banner

Раководството на струмичкиот фудбалски прволигаш Беласица Герас Цунев упати телеграма со "честитки" до ФК Саса по нејзиното испаѓање од прволигашкото друштво. Со тоа, раководството Беласица ГЦ и се "реваншира" на Саса за телеграмата со истата содржина упатена на адреса на Беласица по завршувањето на прволигашката сезона 1997/98, кога струмичани испаднаа од Првата лига. Тогаш во последното коло се одлучуваше дали прволигашкото друштво ќе го напуштат Саса или Беласица. Во последното коло Беласица играше со Победа во Прилеп, во кое доживеа пораз, а Саса на својот терен го "совлада" тогашниот шампион Силекс. Во знак на "задоволство", Саса веднаш упати телеграма со честитки за испаѓањето со желби за успешно натпреварување во Втората лига. Сега Беласица и врати мило за драго на Саса.