Powered by Blogger.

My Banner

Младите фудбалски таленти од Македонија сонуваат да чекорат по стапките на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев

 
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација својата најголема афирмација, односно првата голема шанса да го покаже својот раскошен талент го имаше на еден од најпознатите турнири за млади фудбалери во светот, „Вијареџо“. Беласица по седми пат во последните 12 години доби покана да учествува на овој голем фудбалски собир, што е одлична шанса за младите македонски фудбалери  да го покажат својот талент пред многуте тренери и скаути на европските гиганти.