Powered by Blogger.

My Banner

Новата фудбалска сезона во Македонија ќе биде во знакот на новиот Систем на натпревари кој предвидува кратење на Првата и Втората МФЛ на по 10 клубови додека Третите МФЛ ќе бројат по 12 екипи.
За да може да стартува овој Систем на натпревари од сезоната 2014/2015 во сезоната што следува од Првата МФЛ директно ќе испаднат дури 4 екипи додека од Втората МФЛ во понизок ранг на натпреварување одат 7 екипи додека екипите кои ќе се пласираат на 7-то, 8-то и 9-тото место ќе играат бараж за опстанок со прваците на третите лиги.
Оваа сезона стартува со 12 прволигаши и 16 второлигаши.
Со други зборови се очекува жестока битка за секој бод бидејќи и екипите кои ќе се борат за влез во Првата МФЛ ќе имаат само две директни места бидејќи овојпат нема да има бараж за 3-тиот и 4-тиот тим од второлигашката конкуренција.
Комесарот за натпревари при ФФМ, Васко Дојчиновски ги предупреди клубовите дека ФФМ оваа сезона ќе биде ригорозно во поглед на казнувањето за направени инциденти, недолично однесување и навреди на национална база.
ФФМ ги предупреди екипите дека Системот Комет оваа сезона ќе стартува од првото коло што значи дека секој клуб треба да обезбеди интернет и записниците од натпреварите да бидат веднаш, компјутерски испратени до Комесарот за натпревари.
Секоја екипа мора да пријави стадион кој е лиценциран за одигрување на натпреварите како и резервен стадион. Куп натпреварите ќе можат да се играат само на лиценцирани стадиони.
Исто така секоја екипа ќе мора правовремено да достави две бои на дресовите со кои ќе се натпреварува во домашните шампионати.
Официјално до денеска сите екипи платиле котизација за настап во Првата и Втората МФЛ.