Powered by Blogger.

My Banner

ФК САСА НИЗ ИСТОРИЈАТА
Фудбалскиот клуб ,,САСА" е основан на 12 септември 1968 година.Прв прецедател на клубот беше тогашниот директор на ,,САСА" инж.Ангел Вренцовски.Само една година по основањето на фудбалскиот клуб ,,САСА" стана член на Брегалничката фудбалска регионална лига во која 10 години се натпреварува мошне успешно,а особено во послдниве години.Во текот на целата оваа натпреварувачка сезона (1978/79) ,,САСА" беше лидер на табелата и до крајот на правенстворо успеа да ја зачува таа позиција и од новата сезона тие се натпреварува во Македонската Фудбалска лига. Тоа е, секако, успех што заслужува РЕСПЕКТ,бидејќи со ваков статус подолго време не можеат да се здобијат ни клубови што имаат и 50-годишна традиција.Затоа со право се вели дека ,,САСА" е гордоста на рударите, а здобивањето на републичкиот статус е убав подарок за јубилејот и за денот на рударите - 28 Август.