Во Македонска Каменица во недела гостува Првакот во 3 Лига исток ,,Беласица'' кој води на табелата со вкупно 30 бодови од кои 9 победи 3 нерешени 0 порази со гол разлика 35:8.
Фк Каменица Саса - Фк Беласица
Почеток:16:00
Датум:29.03.2015 (Недела)
Градски стадион Македонска Каменица.
Во недела во 16:00 очекуваме околу 1000 гледачи да се собереме на стадионо и заедно да ги подриме нашите играчи,заедно сплотени до голема победа.
Живееме за еден клуб ФК КАМЕНИЦА САСА.
СИТЕ НА НОЗЕ СИТЕ ЗА САСА !
СИТЕ НА НОЗЕ СИТЕ ЗА САСА !
Што вели традицијата и историјата на вечното дерби кое в недела ќе се одигра на градскиот стадион во Македонска Каменица. Саса и Беласица имаат одиграно многу важни и интересни мечеви и интересни факти за овие 2 тима.
Вкупно се одиграни 7 натпревари, од кои 7 победи има Беласица.
Раководството на струмичкиот фудбалски прволигаш Беласица Герас Цунев упати телеграма со "честитки" до ФК Саса по нејзиното испаѓање од прволигашкото друштво. Со тоа, раководството Беласица ГЦ и се "реваншира" на Саса за телеграмата со истата содржина упатена на адреса на Беласица по завршувањето на прволигашката сезона 1997/98, кога струмичани испаднаа од Првата лига. Тогаш во последното коло се одлучуваше дали прволигашкото друштво ќе го напуштат Саса или Беласица. Во последното коло Беласица играше со Победа во Прилеп, во кое доживеа пораз, а Саса на својот терен го "совлада" тогашниот шампион Силекс. Во знак на "задоволство", Саса веднаш упати телеграма со честитки за испаѓањето со желби за успешно натпреварување во Втората лига. Во 2001 Беласица и врати мило за драго на Саса.
Во недела во 16:00 очекуваме околу 1000 гледачи да се собереме на стадионо и заедно да ги подриме нашите играчи,заедно сплотени до голема победа.
Живееме за еден клуб ФК КАМЕНИЦА САСА.